Skip to main content

Турција е во преговори со компанија на Бил Гејтс за добивање мали модуларни, нуклеарни реактори

zeki-okur-on-unsplash

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Алпарслан Бајрактар, соопшти дека фржавните институции се во тек разговори со американската компанија „Терапауер“, основана од Бил Гејтс, за воведување мали модуларни реактори (ММР) во Турција, пренесе „Туркие Тудеј“.

Ваквиот договор би се реализирал како дел од националната цел за нуклеарна енергија од 20.000 мегавати до 2050 година.

Зборувајќи на 15-тиот Самит за енергетика на Турција во Истанбул, Бајрактар ​​додаде дека Турција има за цел да постигне најмалку 5.000 MW капацитет на ММП, унапредувајќи ја својата стратегија за диверзификација на енергетскиот микс и зајакнување на енергетската безбедност преку нуклеарна технологија.

Поврзани вести