
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера потпиша наредби за значително олеснување на царините за производството на автомобили и мотори во САД и воведување нови царини од 25 проценти за увоз на средни и тешки камиони и делови почнувајќи од 1 ноември, како и царина од 10 проценти за увоз на автобуси.
Наредбата на Трамп им овозможува на производителите на автомобили да добијат кредит од 3,75 проценти од препорачаната малопродажна цена за возила склопени во САД до 2030 година за да се компензираат царините за увоз на делови.
Исто така, го продолжува кредитот за прилагодување на увозот за производство на мотори во САД и за производство на средни и тешки камиони во САД.