Skip to main content

Трамп телефонски ќе разговара со Путин по средбата со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека телефонски ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, по разговорите во Белата куќа со лидерот на Украина, Володимир Зеленски.

Тукушто разговарав со претседателот Путин индиректно и ќе имаме телефонски повик веднаш по овие состаноци денеска“, изјави Трамп за новинарите додека се среќаваше со Зеленски во Овалната соба.

Трамп рече дека „можеби ќе имаме, а можеби и нема да има трилатерален состанок“ со него, Зеленски и Путин.

Американскиот претседател додаде дека неговата земја ќе биде вклучена за безбедносни гаранции како дел од мировниот договор за ставање крај на војната со Русија.

Иако европските земји се првата линија на одбрана затоа што се таму, тие се Европа, ние исто така ќе им помогнеме. Ќе бидеме вклучени“, изјави Трамп во разговор со новинарите во Белата куќа заедно со Зеленски.  

Поврзани вести