
Доналд Трамп рече дека го замолил „лудиот“ Илон Маск да ја напушти неговата администрација и се заканил дека ќе му ги одземе владините договори на технолошкиот тајкун, бидејќи растечкиот спор околу буџетскиот закон на американскиот претседател предизвика горчливо јавно разделување со неговиот најголем донатор.
Елон „се истроши“, го замолив да си замине“. Најлесниот начин да заштедиме пари во нашиот буџет, милијарди и милијарди долари, е да ги прекинеме владините субвенции и договори за Илон“, објави Трамп на својата платформа „Truth Social“.
Акциите на „Тесла“ паднаа за повеќе од 15 проценти денеска со загуби од повеќе од 100 милијарди долари пазарна капитализација, бидејќи се продлабочи расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Илон Маск, извршниот директор на компанијата за електрични автомобили.