
Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на милитантната палестинска организација Хамас по нивната реакција на неговиот мировен план за војната во Газа и повика на брза акција, пренесе ДПА.
„Хамас мора да дејствува брзо, или сите облози ќе бидат поништени. Нема да толерирам одложување, за кое многумина мислат дека ќе се случи, или каков било исход каде што Газа повторно претставува закана“, објави Трамп на својата платформа Truth Social во саботата
„Ајде да го завршиме ова, БРЗО“, рече американскиот претседател.
Хамас вчеравечер прифати делови од мировниот план на Трамп – вклучително и ослободувањето на сите заложници – но во исто време побара понатамошни преговори.
Извор: МИА