Skip to main content

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран

Принтскрин од видео

Американскиот претседател Доналд Трамп одговори на коментар на социјалните мрежи во кој беше наведено дека американските напади довеле до „раѓање на доктрина на Трамп“.

Нивната противвоздушна одбрана, воздухопловство, морнарица и лидери исчезнаа. Сакаат да разговараат. Им кажав: Предоцна! – напиша Трамп.

САД и Израел на 28 февруари извршија напади врз Иран, по што Техеран возврати со удари кон Израел, американските бази и енергетската инфраструктура во земјите од Персискиот Залив.

Поврзани вести