
Претседателот на САД, Доналд Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека е предоцна за преговори со Иран.
Тој одговарајќи на корисник, кој наведе дека американските напади довеле до „раѓање на доктрина на Трамп“, американскиот претседател одговори:
Нивната противвоздушна одбрана, воздухопловство, морнарица и лидери исчезнаа. Сакаат да разговараат. Им кажав – Предоцна!, објави Трамп.
САД и Израел на 28 февруари го нападнаа Иран, на што Техеран возврати со напади врз Израел, американските бази и енергетската инфраструктура во земјите од Персиски Залив.

Македонски

