Skip to main content

Трамп најави царини од 25% за целиот увоз на челик и алуминиум, пристигнува одговорот на ЕУ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави дека ќе воведе царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД и додаде дека ќе објави „реципрочни царини“ за одредени земји „во вторник или среда“ кои ќе стапат на сила „речиси веднаш“ по објавувањето.

Многу едноставно, ако ни наплатат, ние им наплатуваме. Целиот челик што доаѓа во Соединетите Држави ќе има царина од 25 проценти. Тоа важи и за алуминиумот“, истакна Трамп.

На таквите најави на Трамп, стигна одговор од Европската комисија, која пак, најави дека ќе реагира за заштита на интересите на ЕУ, но нема да реагира додека не добие детални објаснувања за овие мерки.

Франција побара Европската комисија веднаш да воведе царини за американските стоки како одговор на новите ограничувања на Трамп.

Поврзани вести