Skip to main content
Eкономскиот советник на Белата куќа

Трамп може да го отстрани претседателот на Федералните резерви од оправдани  причини

Facebook/ The White House

Eкономскиот советник на Белата куќа, Кевин Хесет, изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, има овластување да го отстрани претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, од оправдани причини, ако има доказ за тоа.

Тој додаде дека Федералните резерви имаат многу да објаснат во врска со пречекорувањето на трошоците за реновирање на нивното седиште во Вашингтон.

Хесет за Еј-Би-Си Њуз изјави дека секоја одлука на Трамп да се обиде да го отстрани Пауел поради тоа што неговата администрација го нарекува пречекорување на трошоците од 700 милиони долари, во голема мера ќе зависи од одговорот што шефот за буџет на Белата куќа, Рас Вот, го испрати до Федералните резерви.

Британските медиуми пренесуваат дека Вот минатата недела го напада Пауел за неговото „арогантно реновирање“ на зградите на Федералните резерви и неговиот одговор на низа прашања за проектот вреден 2,5 милијарди долари.

На платформата X, тој го спореди проектот со француската Версајска палата, со своите градини на покривот, водни елементи и луксузен мермер.

Коментарите на Хесет потврдуваат дека администрацијата на Трамп активно ги истражува трошоците за реновирање и изјавата на Пауел за проектот како можна причина да се обиде да го отстрани претседателот на Федералните резерви долго пред да истече неговиот мандат во мај 2026 година.

Трамп постојано бараше Пауел да поднесе оставка бидејќи не успеа да ги намали каматните стапки откако се врати на претседателската функција во јануари.

Поврзани вести