
Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше преговарањето на Иран за неговата нуклеарна програма и оцени дека официјален Техеран не успеал да дојде до договор.
Иран не може да се соземе. Не знаат како да потпишат ненуклеарен договор. Подобро би им било набрзо да се опаметат!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social).
Тензии поради нуклеарната програма на Иран имаше и пред почетокот на војната кон крајот на февруари, при што Трамп повеќепати вети дека ќе обезбеди Иран да не може да произведе оружје, иако Техеран инсистира дека тоа не му е цел.
Иран во своите нуклеарни постројки сепак има околу 440 килограми ураниум збогатен речиси до степен кој е потребен за правење оружје, оценува Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Македонски



