
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Тру соушал“ напиша дека дека американската сојузна држава Минесота се соочува со „денот на пресметката и одмаздата“.
„Дали луѓето од Минесота навистина сакаат да живеат во заедница во која има илјадници веќе осудени убијци, дилери на дрога и зависници, силувачи, насилно ослободени и избегани затвореници, опасни луѓе од странски ментални институции и лудници и други смртоносни криминалци, кои се премногу злобни за да се споменат? Сè што патриотите од ICE сакаат е да ги отстранат од нивното соседство и да ги вратат во затворите и менталните институции од кои дошле, повеќето од нив во странски земји, кои нелегално влегле во САД преку ужасната политика на отворени граници на поспаниот Џо Бајден. Каде и да одиме, криминалот се намалува“, напиша тој на „Тру соушал“’.
Трамп додаде дека во Чикаго е постигнат голем напредок и покрај слабиот и некомпетентен гувернер и градоначалник, кои се борат против нас цело време.
„Илјадници криминалци се отстранети! Демократите од Минесота ги сакаат немирите предизвикани од анархисти и професионални агитатори затоа што тоа го одвлекува вниманието од 19-те милијарди долари украдени од навистина лоши и пореметени луѓе. Не плашете се, големи луѓе од Минесота, денот на пресметка и одмазда доаѓа“, напиша Трамп.с

Македонски




