Skip to main content

Тојота планира враќање на рускиот пазар, ги поканила руските партнери на средба во Дубаи

Високи претставници на компанијата „Тојота“ одржале затворен состанок во Дубаи со своите поранешни застапници во Русија, пренесува „Mеш“.

Јапонската компанија на своите соговорници им доделиле платена авионска карта и сместување, било упатено извинување за напуштањето на рускиот пазар, а се разговарало за можните планови за во иднина.

Од дилерите беше побарано да потпишат договори за доверливост, а следниот состанок е закажан за март 2025 година.

Поврзани вести