
Белата куќа соопшти дека прес-конференцијата на американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Зеленски е откажана.
Извор од Белата куќа потврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски предвреме ја напуштил Белата куќа. Информацијата доаѓа по жестоката расправија меѓу Трамп и Зеленски пред новинарите во Овалната соба.
Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на социјалните мрежи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски може „да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.
This is surreal !!!
— Angelo Giuliano 🇨🇭🇮🇹🔻🔻🔻🔻🔻🔻🔻🔻🔻🔻🔻 安德龙 (@angeloinchina) February 28, 2025
Huge humiliation for Zelensky. pic.twitter.com/R7XlzewTI8
Претходно, пред да одат на состанокот зад затворени врати, следеше кавга пред камерите и новинарите во Овалната соба, бидејќи Трамп го обвини Зеленски дека е неблагодарен за американската помош и дека не сака да склучи мир со Русија.
Неверојатно е она што произлегува од емоциите, и јас утврдив дека претседателот Зеленски не е подготвен за мир доколку Америка е вклучена, бидејќи тој чувствува дека нашата вклученост му дава голема предност во преговорите. Не сакам предност, сакам мир. Тој не ги почитуваше Соединетите Американски Држави во Овалната соба. Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир, напиша Трамп на „Truth Social“.
Претходно Трамп му порача на Зеленски дека Украина има големи проблеми и нема да победи во конфликтот со Русија. Тој рече и дека е време конфликтот да заврши, а Русија е подготвена за тоа. Тој исто така нагласи дека украинското раководство треба да биде подготвено за компромис.
Имавме преговори со Русите, разговарав и со претседателот Владимир Путин. Што сакаш ти, сака и тој. Мора да постигнеме договор. Секогаш е потребно да се прават компромиси. Невозможно е да се постигне договор без компромис. Значи, тој ќе мора да направи компромис, му рече Трамп на Зеленски на почетокот на состанокот во Белата куќа.
Трамп нагласи дека САД и Русија започнале преговори за можно решавање на украинскиот конфликт, а штом ќе се постигне тој договор, оцени тој, Москва повеќе нема да има причина да ги обновува непријателствата.
Коментирајќи ги зборовите на Зеленски дека сè уште не е подготвен да стави крај на вооружениот конфликт, Трамп го потсети дека Украина останува без војници. Како што рече, шефот на режимот во Киев си поигрува со животите на милиони луѓе и ризикува да започне Трета светска војна.
Американскиот лидер нагласи дека клучно прашање останува прекинот на непријателствата и распределбата на финансиски средства за обнова. „Илјадници војници умираат од двете страни. „Сакаме ова да престане и парите да одат за реконструкција“, рече тој.
Американскиот лидер изрази надеж дека САД нема да мора да испорачаат уште многу оружје на Украина, но дека испораките секако ќе продолжат во иднина.
Јас сум во средината меѓу Русија и Украина. Не сум за ниту една страна, рече Трамп, нагласувајќи дека неговата намера е да го реши конфликтот и изрази надеж дека ќе остане запаметен како „миротворец“.
За време на средбата, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс го обвини Зеленски дека „ги кара американските медиуми“ и додаде дека неговите коментари се полни со непочитување, прашувајќи го: „Дали еднаш кажа благодарам?“
Зеленски отпатува во Вашингтон за да потпише Договор за соработка меѓу Украина и САД во областа на минералите. Како што претходно најави американскиот министер за финансии Скот Бесант, документот е веќе договорен, а на Зеленски и Трамп останува само да го потпишат денеска.