
Глави од свињи, животни кои исламот ги смета за нечисти, се појавија утрово пред неколку џамии во и околу Париз, објави шефот на париската полиција Лоран Нуњез на X, осудувајќи го „грозоморниот чин“.
Главите беа поставени на патиштата во Париз, во Монтреј источно од Париз и во Монтруж и Малакоф во департманот Го де Сен, јужно од Париз, дознава АФП од локалните власти.
Франција има помеѓу пет и шест милиони муслимани, што го прави исламот втора најголема религија во земјата, а француската муслиманска заедница најголема во Европа. Поглаварот на Големата џамија во Париз, Шем-Един Хафиз, го осуди „исламофобичниот чин“ како „уште еден тажен чекор во растот на омразата кон муслиманите“.
„Веднаш е отворена истрага. И правиме сè за да ги пронајдеме сторителите на овој грозоморен чин“, рече Нуњез.