
Претседателите на Турција и Русија Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин имаа средба на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Кина, јави Си-Ен-Ен Турк.
Путин се заблагодари на Ердоган за дипломатските напори околу кризата во Украина и нагласи дека двете земји успешно соработуваат во енергетиката и на теми од заеднички интерес, меѓу кои Блискиот Исток, Северна Африка и Кавказ.
Ердоган повтори покана до Путин да ја посети Турција, додавајќи дека односите меѓу Анкара и Москва се „искрени и базирани на доверба“.
На средбата присуствуваа повеќе министри од двете влади, меѓу кои шефовите на дипломатијата и енергетиката.