Исландските социјалдемократи од левиот центар се на пат да победат на предвремените парламентарни избори во земјата со мала разлика, при што првичните делумни резултати објавени рано утринава укажуваат на потенцијална промена на власта во оваа островска земја на северот од Европа.
Делумните резултати од неколку изборни единици покажуваат дека Социјалдемократскиот сојуз, предводен од Криструна Фростадотир, ќе стане најголемата партија, а проекциите на исландската телевизија РУВ покажуваат дека до 2 часот по полноќ добиле околу 22,6 отсто од гласовите.
Веднаш зад нив се централно-десничарската Партија на независноста на премиерот Бјани Бенедиктсон, со 21,6 отсто.
Руралната центристичка Прогресивна партија и Лево-зеленото движење, и двете дел од претходната владејачка коалиција, се соочуваат со значителни загуби, а извештаите покажуваат дека Лево-зеленото движење може целосно да биде исфрлено од парламентот.
Прелиминарните резултати се очекуваат подоцна во текот на денот, но доколку се остварат сегашните бројки, Исланд – земја што не е членка на ЕУ – се чини дека е подготвен за промена на власта.
На изборната прослава на социјалдемократите во Рејкјавик, Фростадотир ја истакна потребата од промени во земјата, истакнувајќи дека сега е јасно дека ќе има промени на владино ниво.
Речиси 270.000 луѓе беа повикани да гласаат за 63 члена на парламрнтот во Рејкјавик.
Изборите, првично закажани за крајот на летото 2025 година, беа поместени нанапред откако несогласувањата во трипартиската коалиција на Бенедиктсон доведоа до пад на владата во средината на октомври.