Skip to main content

Сијарто: Ако Трамп не може да донесе мир во Украина, никој не може

Петер Сијарто/Фејсбук

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека ако претседателот на Соединетите држави Доналд Трамп не може да донесе мир во Украина, никој не може.

Унгарија многу ја цени посветеноста на новиот американски претседател за мир. Ако Трамп не може да донесе мир во Украина, никој не може. Целосно ги поддржуваме иницијативите на Трамп – рече Сијарто синоќа по средбата со вршителот на должноста на американската амбасада во Будимпешта, Роберт Паладин.

Како што наведе, „безобразно е тоа што Брисел го попречува успехот на овие потфати“.

Сијарто исто така рече дека разговорот со Паладин бил одличен и додаде дека односите меѓу Унгарија и САД се проткаени со взаемно почитување.

Поврзани вести