
Министерот за одбрана на САД ги следел украинските напади врз Русија во реално време, објави телевизиската мрежа „Си-Ен-Ен“.
На денот на нападите со украински беспилотни летала врз руските воздухопловни бази, Пит Хегсет добивал редовни информации за напредокот на саботажата додека бил на пат кон воздухопловната база Ендрус“, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на извор во Министерството за одбрана на САД.

Телевизијата забележува дека Хегсет „сè уште не разговарал со своите украински колеги“ околу нападот.
Претходно, извор од Белата куќа изјави дека САД не биле однапред предупредени за нападот.

Сепак, по нападите, публикацијата „Аксиос“ објави дека Украина однапред ја информирала администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп а нападот, но нешто подоцна го изменија текстот и објавија дека Американците не биле запознаени со нападот.
Во изменетиот текст беше објавено дека Вашингтон не му доставил на Киев разузнавачки информации за нападот.