Skip to main content

Швајцарија ја осуди одлуката на Германија да враќа мигранти и баратели на азил на граница

Freepik

Швајцарија денес ја осуди одлуката на германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт да ги врати мигрантите без потребната документација, вклучително и барателите на азил, на границите на земјата.

Швајцарските власти изјавија дека ова е направено со кршење на важечките закони и изразија жалење што одлуката е донесена без претходна консултација со Берн.

Граѓаните на двете земји мора да можат слободно да ја преминуваат границата на пат кон работа, соопшти швајцарското Министерство за правда.

Швајцарскиот министер за правда Бит Јанс предложи состанок на министерско ниво, но сè уште не добил одговор од Берлин.

Поврзани вести