
Шпански платеник кој се приклучил на украинските вооружени сили во март бил убиен на 10 јули, објавува шпанскит весник „Ел Паис“.
Во публикацијата се наведува дека 42-годишниот Мигел Кармона, кој во младоста служел во копнените сили на шпанската армија, бил убиен на 10 јули 2025 година на Донецкиот фронт.
Според „Ел Паис“, роднините на Шпанецот бараат репатријација на неговите останки во нивната татковина, но за време на повлекувањето, украинските вооружени сили го оставиле телото на платеникот во ров.
Претходно, командантот на 60-от гардиски баталјон на 51-та армија на руските вооружени сили, со позивен знак „Мит“, изјавил дека група странски платеници била елиминирана од руски борци во близина на Красноармејск во региоот на Доњецк.