Skip to main content

Се проценува можен продолжен раст на цените на нафтата

Американскиот министер за енергетика, Крис Рајт, изјави дека цените на нафтата најверојатно ќе останат високи и би можеле дополнително да растат се додека не се нормализира поморскиот сообраќај низ Ормуската Теснина.

Тој на економскиот форум одржан во Вашингтон рече дека е можно наредните седмици цените на нафтата да достигнат максимум, по што би започнал постепен пад.

Веројатно во следните неколку недели цените ќе го достигнат пикот, пред да почнат да опаѓаат, ја пренесува „Би-Би-Си“ изјавата на Рајт, кој истакна дека стабилизацијата ќе зависи од окончувањето на конфликтот на Блискиот Исток и обновувањето на протокот на енергенси.

Тој предупреди дека колку подолго трае конфликтот, толку подолготрајни ќе бидат и притисоците врз цената и оттаму и последиците врз глобалниот пазар на енергенси.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно изјави дека цените на нафтата и гасот би можеле да останат високи и до изборите во ноември, на половина од неговиот мандат.(МИА)

Поврзани вести