Skip to main content

Само седна со крстот во раце, преживеа: Момче било заробено во барот на смртта, огнот дивеел околу него, а тој решил да се помоли

Момче кое останало заробено во запалениот скијачки бар на смртта во Швајцарија преживеало благодарение на чиста среќа, а неговата пријателка опишала како изгледале очајните моменти додека сè околу него горело во пожарот, во кој, според последните податоци, животот го загубиле најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се повредени.

Сведок на трагедијата во Швајцарија, Летиција Плас, изјави дека младиот човек немал можност за бегство бидејќи пожарот брзо се ширел, а излезите станале непроодни.

Бидејќи немало излез, седнал внатре во објектот и држел крст додека огнот беснеел околу него. Пламените биле насекаде, но не го допреле. Преживеал, фала му на Бога. Успеал да излезе откако скршил прозорец, за да избега. Огнот едноставно го заобиколил. Само сакам да му се заблагодарам на Господ што го спаси и да го замолам да ги заштити моите пријатели кои сè уште се водат како исчезнати, бидејќи е ужасно – многу ми недостигаат. Не сакам да изгубам уште луѓе, бидејќи веќе изгубив некои и сè уште ги бараме. Бев толку исплашена – за себе, за пријателите, за сите внатре. Имам пријатели во болница, имам пријатели насекаде – рекла таа низ солзи.

Надлежните тврадт дека прскалките во шише шампањ се најверојатната причина за катастрофата. Идентификувана е првата жртва на пожарот – станува збор за тинејџерот Емануел Галепини (16), италијански голфер.“

Поврзани вести