Skip to main content

САД најавија воен самит за безбедноста на западната хемисфера

Највисоки воени претставници од 34 земји ќе се сретнат во февруари за да разговараат за заедничките безбедносни приоритети на западната хемисфера, соопшти американската армија.

„Земјите од западната хемисфера делат длабоки историски врски, заеднички вредности и интерес за регионална стабилност што ја поддржува долгорочната безбедност и просперитет на Соединетите Американски Држави и нашето заедничко соседство“, се вели во соопштението на американската армија.

Домаќин на првата конференција на највисоките воени претставници од 34 земји од западната хемисфера, што ќе се одржи на 11 февруари, ќе биде началникот на Генералштабот на американската армија, Ден Кејн.

Поврзани вести