Skip to main content

САД ќе градат нуклеарна подморница за Јужна Кореја

pixabay

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека ѝ дал одобрение на Јужна Кореја за изградба на подморница на нуклеарен погон како дел од новиот трговски договор меѓу двете земји.

Трамп појасни дека подморницата ќе се гради во бродоградилиште во Филаделфија, каде што јужнокорејските компании ги зголемиле своите инвестиции.

Јужна Кореја ќе ја гради својата нуклеарна подморница во бродоградилиштата во Филаделфија, токму тука во добрите стари САД. Бродоградбата во нашата земја наскоро ќе се врати на голема врата“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Вистина“.

На 29 октомври, Трамп објави дека САД и Јужна Кореја постигнале трговски договор во кој Јужна Кореја ќе инвестира во САД 350 милијарди долари во замена за пониски царини. Американскиот претседателот, исто така, соопшти дека Јужна Кореја се согласила да купува американска нафта и гас во „огромни количини“.

Поврзани вести