
Администрацијата на Трамп го предупредила министерот за внатрешни работи и вториот најмоќен човек во Венецуела, Диосдадо Кабељо, дека би можел да се најде на врвот на листата на потенцијални цели за отстрел ако не се согаси да ѝ помага на привремената претседателка Делси Родригез да ги исполни своите обврски кон САД, пишува „Ројтерс“.
Кабељо, според западните новинари, е исто така еден од ретките лојалисти на Мадуро на кои претседателот Доналд Трамп одлучил да се потпре како привремени претставници на власта за одржување на стабилноста за време на транзицијата во Венецуела.
Сепак, преку посредници, тие го информирале Кабељо дека ако не послуша, би можел да ја доживее истата судбина како Мадуро или пак, уште полошо.
Сепак, елиминирањето на Кабељо се смета за ризичен потфат, бидејќи би можело да ги охрабри подржувачите на движењето на Мадуро да излезат на улиците, предизвикувајќи хаос што официјален Вашингтон сака да го избегне.
Министерот за одбрана Владимир Падрино Лопез е исто така на листата на потенцијални цели. Сепак, тој се смета за помалку догматичен и повеќе подготвен да ги следи упатствата на САД.
Никој во Вашингтон не е уверен во способноста на опозицијата да го одржи мирот и затоа не се подготвени да ризикуваат да ја вмешаат опозиционерката Марија Корина Мачадо во случајот.

Македонски




