Руските вооружени сили ја презеле контролата врз селата Петропавловка и Вримивка во областа Доњецк во источна Украина, соопшти Министерство за одбрана на Русија.
Како резултат на успешните офанзивни дејства, единиците на армиската групација Центар го ослободија селото Петропавловка во Народна Република Доњецк. Единиците на армиската група Исток продолжија да напредуваат длабоко во одбраната на непријателот го ослободија и селото Времевка, соопшти Министерството.
Во него се наведува и дека руските сили ги погодиле украинските воени цели со високопрецизно оружје како одговор на украинскиот напад врз јужниот руски регион Белгород, извршен со ракети АТАКМС од американско производство.
Овие информации засега не се потврдени од украинска страна или од независен извор.