Skip to main content

Русите жестоко ја бомбардираа Украина: Се е разрушено, во својот дом е убиен и познат професор

Седум луѓе се ранети, а станбени објекти и болница се оштетени во руски воен напад со наводени авио бомби во местото Семенивка во Черниговската област, објави началникот на Черниговската обласна воена управа, Вјачеслав Чаус на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Вечерта на 4 јануари, Русите фрлија 4 наводени авионски бомби на пограничниот град Семенивка. Го гаѓале централниот дел, станбената населба, напиша тој.

Според прелиминарните информации, седум лица се ранети и укажана им е помош.

Оштетени се станбени објекти, болница, управна зграда, кафуле, како и цивилни автомобили.

Акцијата за потрага и спасување се во тек. На лице место работат сите неопходни специјални служби- рекол Чаус.

Во нападот загина и Алексеј Хаљонка, 72 годишен професор, педагог и филолог, кога неговата куќа ја погодила ракета.

На настраданиот професор веќе во 2022 година му е уништена семејната куќа, заедно со личната библиотека од 4.000 книги и други работи. Од тогаш живеел на истиот имот во мала куќичка.

Како што е соопштено, руските трупи вчера 95 пати удриле на границата на Черниговската, Харковската и Сумската област, забележени се вкупно 246 експлозии, пишува Укринформ.

Поврзани вести