Skip to main content

Русија им се закани на САД: Не помислувајте на преземање на Панамскиот канал

Русија денеска му се закани на новиот американски претседател Доналд Трамп да не ни помисли да ја преземе контролата над Панамскиот канал.

Трамп постојано се закануваше дека ќе ја преземе сопственоста на оваа клучна поморска трговска рута, која Америка и ја отстапи на Панама во 1977 година, нарекувајќи ја од витално значење за американските интереси и не ја отфрли можноста за употреба на воена сила за да ја постигне својата цел.

Во својот инаугуративен говор, Трамп одново го спомена каналот, и рече:

Американските бродови се сериозно прескапи. И пред се, Кина го контролира Панамскиот канал, а ние не го предадовме на Кина, туку на Панама. И ние ќе го вратиме назад, изјави Трамп.

Поврзани вести