Skip to main content

Рубио: Разговорите со Русија не значат пресврт во американската политика

По средбата на руската и американската делегација во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, американскиот државен секретар Марко Рубио остварил приватен телефонски разговор со министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Германија и Италија, пишува „Њујорк тајмс“.

Според извештаите, Рубио им објаснил на своите европски партнери дека преговорите со Русија не претставуваат промена во американската политика, туку се неопходни за да се оцени подготвеноста на официјална Москва за дипломатско решение на конфликтот во Украина.

Официјални лица на САД не поканиле европски или украински претставници на состанокот бидејќи фокусот на разговорите бил на односите меѓу Москва и Вашингтон. Рубио нагласил дека Вашингтон е свесен за можноста Русија да ја искористи оваа средба за да поттикне поделба на Западот.

На крајот од разговорот, Рубио ветил дека ќе ги информира сојузниците за понатамошниот развој.

Поврзани вести