Skip to main content

„Река“ од млади Украинци се влева во Германија иако земјата ги намалува бенефициите за нив

kevin-buckert-on-unsplash

Сè повеќе млади Украинци на воена возраст пристигнуваат во Германија. Како што пишува „Билд“, бројот на Украинци на возраст од 18 до 22 години кои ја преминуваат границата се зголемил десеткратно – од 100 на 1.000 неделно.

Таквиот тренд се случува и покрај тоа што Германија ги намалува финансиските издатоци за украинскитебегалци. Така, ако Украинците претходно добиваа надомест од 563 евра месечно, новодојденците во Германија сега ќе добиваат помал износ – 441 евра, исто како и другите бегалци.

Од почетокот на конфликтот во Украина, повеќе од 1,2 милиони Украинци пристигнале во Германија. Според властите, повеќе од 500.000 од нив веќе работат, но повеќето од Украинците претпочитаат да се потпираат на социјална помош.

Поврзани вести