Skip to main content

Путин во понеделник ќе разговара со Путин

By Jørgen Håland on Unsplash

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во понеделник ќе оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Како што најави трамп на социјалните мрежи потоа ќе оствари контакт и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и со сојузниците од НАТО, со цел да се стави крај на, како што рече, „крвопролевањето“ во Украина.

Разговорот со Путин е закажан за понеделник во 16 часот по средноевропско време.

„Се надевам дека разговорите ќе бидат продуктивни, дека ќе дојде до примирје и конечно завршување на овој многу насилен конфликт – војна што никогаш не требаше да се случи“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Оваа најава следува еден ден по неуспешните директни преговори меѓу Москва и Киев во Истанбул, кои не резултираа со договор за прекин на огнот. Рускиот претседател Путин ја одби понудата на Зеленски за лична средба во Турција, иако самиот претходно предложи преговори без предуслови.

Поврзани вести