
Во денешниот разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, Владимир Путин истакнал дека „надворешното мешање во внатрешно-политичката ситуација во Србија е неприфатливо“, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесе „Скај њуз“.
Путин се осврна на повеќемесечните протести во Србија и „искажа поддршка за активностите на легално избраните власти“, се додава во соопштението.
Српскиот претседател средбата ја најави и на Инстаграм. Тој рече дека разговарале за „обид за обоена револуција во Србија“.
Русија разбира и гледа што се случува. Ќе продолжиме да ги поддржуваме легално и легитимно избраните власти во Србија – рече Вучиќ.
Тој исто така додаде дека неговата средба со Путин на 9 мај во Москва е потврдена.