
Претседателот на Русија, Владимир Путин во денешното обраќање на Меѓународен економски форум во Санкт Петербург изрази загриженост поради глобалните тензии и можноста за поголем судир.
На прашањето дали светот се движи кон трета светска војна, тој одговори дека е „загрижувачки. Зборувам без иронија, без шега“.
– Секако, постои голем потенцијал за судири. Тоа расте и буквално ни е пред нос … Секако тоа бара не само внимателно следење на се што се случува, туку и барања на решенија, по можност по мирен пат, во сите насоли, наведе Путин.
Тој, осврнувајќи се на односите помеѓу Москва и Техеран, истакна дека Русија ги исполнува сите свои обврски и го поддржува Иран во одбраната на неговите легитимни интереси, вклучително и во однос на нуклеарна енергија за цивилни цели.