Skip to main content

Путин очекува американска делегација следната недела да дојде во Москва на разговори за војната во Украина

screenshot

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека очекува во првата половина од следната недела во Москва да допатуваат претставници на САД на разговори за ставање крај на војната во Украина.

Путин ја даде изјавата на крајот од посетата на Бишкек, главниот град на Киргистан.

Рускиот претседател изјави дека руската страна ќе ја претставуваат претставници на Министерството за надворешни работи и на Претседателската канцеларија, додавајќи дека меѓу нив ќе бидат и неговите помошници Владимир Медински и Јуриј Ушаков.

Дискусиите ќе се однесуваат на исклучително големи и сложени прашања и секое прашање има клучно значење, нагласи Путин.

Според информациите од Кремљ, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, се очекува во Москва следната недела. Путин и Виткоф се сретнале во повеќе наврати.

Рускиот претседател ја потврди својата подготвеност да води разговори за предлогот на Трамп од 28 точки за ставање крај на војната, велејќи дека тој предлог би можел да биде основа за иден мировен договор.

Поврзани вести