Skip to main content

Првиот пациент заразен со ебола во Франција успешно излекуван

Првиот пациент на кому му беше дијагностицирана зараза со ебола во Франција успешно е излекува и тој веќе е отпуштен од болница, објави министерката за здравство Стефани Рист.

Според неа, „по два негативни ПЦР (PCR) тестови, пациентот сега заздраве и може безбедно да се врати дома“, што донесе олеснување по првиот случај регистриран на француска територија, пишува Евроњуз (Euronews).

Пациентот, кој сега е надвор од опасност, е лекар хуманитарец кој пристигна во Франција на 23 јуни со лет од Демократска Република Конго. При качувањето во авионот, почувствувал мала главоболка, но неговата состојба се влошила за време на патувањето. Веднаш по пристигнувањето на француска територија, тој бил ставен во изолација, а пет лица со кои бил во можен контакт исто така поминале 21 ден во домашна изолација.

Стефани Рист изјави дека пациентот имал „само благи симптоми“ и добил медицинска нега и бил под строг надзор, целосно во согласност со здравствените протоколи.

Вирусот ебола може да предизвика хеморагична треска, која често е фатална. Иако не се смета за многу заразна, епидемијата одзеде најмалку 452 животи во ДР Конго, според најновите податоци од 3 јули. Вирусот продолжува да се шири, а неодамна беше потврден случај во Кисангани, голем град на 600 километри од епицентарот на кризата.(МИА)

Поврзани вести