Skip to main content

Прва посета на шефот на германската дипломатија на САД

Freepik

Новиот министер за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, утре ќе отпатува во прва посета на САД, каде што на 28 мај е предвидена средба со американскиот државен секретар Марко Рубио.

Разговорите со Рубио, закажани в среда, ќе бидат фокусирани на германско-американските односи, поддршката на Украина против Русија, како и трансатлантската безбедносна и одбранбена политика, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.

Тој додаде и дека Вадефул и Рубио ќе разговараат и за Блиски Исток и за трговските односи помеѓу Европска Унија и САД.

Поврзани вести