Skip to main content

Претседателот на француската партија „Национален собир“, Жордан Бардела, со поддршка за Марин Ле Пен

Facebook / Jordan Bardella

Претседателот на француската десничарска партија Национален собир, Жордан Бардела, за време на првиот ден од кампањата за локалните избори во Франција, изјави дека ја поддржува десничарската лидерка Марин Ле Пен.

На 3 февруари, француското обвинителство побара потврда на петгодишната забрана за вршење јавна функција за лидерката на десничарската партија Марин Ле Пен во жалбената постапка во Париз, како и потврда на казната за помошниците на пратениците на партијата Национален собир во Европскиот парламент.

Доколку казната биде потврдена, на Ле Пен ќе ѝ биде забрането да се кандидира за претседателските избори во 2027 година, во време кога се очекува крајнодесничарската партија да добие на интензитет, објавија француските медиуми.

Одлуката на Апелацискиот суд во Париз, што не е должен да ги следи препораките на обвинителството, се очекува до лето.

Се надевам дека таа (Ле Пен) ќе нè претставува. Се подготвуваме заедно, рака под рака, да ги преземеме највисоките државни функции, со Марин Ле Пен во Елисејската палата, а мене како премиер“, рече Бардела кога беше прашан за можноста да ја замени Марин Ле Пен како кандидат во 2027 година.

Тој на југот на Франција изјави дека ќе се обиде да убеди максимален број локални заедници пред локалните избори закажани во два круга во Франција, на 15 и 22 март.

Според најновата анкета, 69 проценти од поддржувачите на француската крајнодесничарска партија Национален собир веруваат дека Жордан Бардела би бил подобар кандидат од Марин Ле Пен на претседателските избори во 2027 година.

Додека кандидатурата на крајнодесничарскиот лидер зависи од одлуката на судот во жалбената постапка, која се очекува во лето, младиот Бардела се покажа како попопуларен од Ле Пен.

Околу 45 проценти од анкетираните имаат добро мислење за Бардела, а 42 проценти за Марин Ле Пен.

Веб-страницата „Медиапарт“ објави дека Ле Пен веќе ставила до знаење дека ќе му ја отстапи својата позиција како кандидат за претседателските избори на Бардела, доколку судот ја спречи да извршува јавни функции.

Поврзани вести