
Најмалку 80 пожарникари и 12 противпожарни возила го изгаснаа пожарот што избувна во раните утрински часови на покривот на деветкатница на улицата Кенсингтон Хај Стрит, во центарот на Лондон.
Техничката просторија на покривот на зградата е целосно уништена, додека околу 40 лица беа евакуирани пред доаѓањето на пожарникарите, јавија локалните медиуми.
Засега нема информации дека некој е повреден во пожарот.
Пожарот е ставен под контрола околу 3:36 часот наутро, а причината е под истрага, соопшти Лондонската противпожарна бригада.
Зградата погодена од пожарот е Kensington Roof Gardens, приватен клуб и популарно место за познати личности, во кое се наоѓа и теретаната Еквинокс.

Македонски




