Skip to main content

Полскиот премиер Туск во посета на Украина

Полскиот премиер Доналд Туск ја започна својата посета на Украина заедно со полскиот министер за финансии Анджеј Домански, објави Канцеларијата на премиерот на социјалната мрежа „Икс“.

Туск беше пречекан на железничката станица во Киев од украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха и украинскиот амбасадор во Полска, Васил Боднар и полскиот амбасадор во Украина, Пјотр Лукашевич.

Туск завчера изјави дека за време на неговата посета на Киев, меѓу другите теми, ќе се разговара и за подготовките за меѓународна конференција за обнова на Украина, која ќе се одржи во Гдањск во јуни оваа година. Премиерот прецизираше дека ќе биде придружуван од министерот Домански, кој, заедно со своите соработници, го подготвува форумот во Гдањск.

Туск нагласи дека во време кога вниманието на светот е окупирано од многу други проблеми и некои заборавиле дека бруталната војна на Украина со Русија продолжува, неговата посета на Киев треба да испрати јасен сигнал дека Полска е најблискиот сојузник на Украина во овие тешки времиња.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со Туск на 19 декември, кога Зеленски беше во посета на Варшава.

Поврзани вести