Skip to main content

Песков најави нова рунда преговори за Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека наскоро ќе се одржи нова рунда преговори за Украина. Сепак, тој не можеше да го прецизира датумот на таа средба.

Засега датумот не е прецизиран. Но, наскоро ќе биде“, изјави Песков.

Тој додаде дека не е планирана нова рунда преговори за украинското решение во САД, ниту пак имало разговори за таков состанок.

Специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, вчера изјави дека учесниците на состанокот во Абу Даби се согласиле да известат за резултатите во своите главни градови за да може дијалогот да продолжи во наредните недели.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, вчера објави дека следните состаноци на преговарачките тимови на Украина, САД и Русија се планирани во блиска иднина и веројатно ќе се одржат во САД.

Затворените разговори на работната група, во кои учествуваа претставници на Русија, Украина и САД, се одржаа вчера и завчера во Абу Даби.

Пред тоа, на 23 и 24 јануари, во Абу Даби се одржа првата рунда разговори, на кои трите страни разговараа за преостанатите прашања од мировниот план предложен од Вашингтон, пренесуваат руските медиуми.

Поврзани вести