Skip to main content

Пелегрини: Ниту еден договор за прекин на огнот во Украина нема да опстане без Европа

Фото: МИА

Словачкиот претседател Петер Пелегрини денеска изјави дека ниту еден договор за прекин на огнот во Украина не може да опстане без Европа и ЕУ, додавајќи дека Европа треба да учествува во мировните преговори.

„Може да се договорат услови за траен прекин на огнот или мир, но без безбедносни гаранции, кои треба да ги вклучат и земјите од ЕУ, тоа нема да функционира. Гаранциите и колку долго ќе трае мирот ќе зависат од ставот и силата на Европската унија“, рече Пелегрини на Минхенската безбедносна конференција.

Пелегрини, исто така, очекува конечната одлука за потенцијалното учество на ЕУ да ја донесе украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во својот говор на конференцијата во Минхен повтори дека одбива да прифати какви било мировни договори без учество на Украина и Европа.

Поврзани вести