
Папата Франциск, кој е хоспитализиран поради пневмонија, во текот на денот имал две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, поради што била потребна употреба на неинвазивна механичка вентилација, соопштија од Ватикан.
Од Светата столица претходно објавија дека папата бил симнат од респиратор и е во стабилна состојба откако помина две недели во болница.
Папата Франциск не е виден во јавноста откако на 14 февруари беше примен во римската болница „Агостино Џемели“, со тешки респираторни проблеми кои брзо прераснаа во пневмонија на двете белодробни крила, што му го отежна дишењето. Ова е негово најдолго отсуство од почетокот на мандатот во март 2013 година.