Skip to main content

Палестинскиот претседател го повика Хамас да ги ослободи заложниците

Printscreen

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го повика Хамас да ги ослободи заложниците кои се уште ги држи исламистичкото движење во Појасот Газа.

Хамас ѝ даде на криминалната окупација изговор да ги изврши своите злосторства во Појасот Газа, од кои најочигледно е земање заложници, рече Абас на состанокот во Рамала.

Јас ја плаќам цената за ова, нашиот народ ја плаќа цената, а не Израел. Ослободете ги, повика палестинскиот претседател.

Агенциите денеска објавија дека арапските посредници работат на предлог за прекин на војната меѓу Израел и Хамас, кој би вклучувал примирје за период од 5 до 7 години и ослободување на сите преостанати заложници.

Египет и Катар сè уште работат на предлогот, кој вклучува постепено повлекување на израелските сили од целиот Појас Газа и ослободување на палестинските затвореници.

Израел ги отфрли сите договори кои би му дозволиле на Хамас да го задржи своето влијание во Газа и да се вооружи. Администрацијата на Доналд Трамп, која исто така беше вклучена во преговорите за прекин на огнот, изјави дека целосно ја поддржува позицијата на Израел.

Хамас соопшти дека нема да се разоружа се додека Израел ја окупира палестинската територија.

Поврзани вести