
„Старлинк“, сателитската интернет услуга во сопственост на милијардерот Илон Маск, денес доживеа глобален прекин.
„Киев Индепендент“ објави дека тоа го објавила истоимената компанија на својата официјална веб-страница.
Се вели дека услугите што ги нуди „Старлинк“ се од витално значење за болниците, училиштата и воените единици на фронтот низ цела Украина.
- „Старлинк“ повторно е исклучен по целата фронтова линија – напиша на Телеграм Роберт Бровди, познат како Маѓар, главниот командант на украинската армија за борба против беспилотни летала.
Со прекините на „Старлинк“ на глобално ниво, здравствените служби на Украина и единиците за беспилотни летала на фронтот се најзависни од сателитскиот интернет од компанијата на Илон Маск.