Skip to main content

Ова е новиот Башар ал Асад

Де факто лидерот на Сирија, Ахмед ал Шара денеска официјално беше назначен за преоден претседател на Сирија, јади ДПА.

Портпаролот на Одделот за воени операции, полковник Хасан Абдул Гани соопшти дека Ал Шара ќе биде претседател на земјата во преодната фаза.

– Го објавуваме назначувањето на лидерот Ахмед Ал Шара за претседател на земјата во преодната фаза, и тој ќе ги извршува должностите на претседателот на Сириската Арапска Република и ќе ја претставува на меѓународни форуми, рече Абдул Гани, за време на она што властите го нарекоа „конференција за победа“.

Тој додаде дека Ал Шара е овластен да формира привремен законодавен совет кој ќе ги извршува своите должности додека не биде одобрен и стапи во сила постојаниот устав на земјата.

Ал Шара командуваше со бунтовничкиот сојуз предводен од исламистите кој го собори долгогодишниот лидер Башар ал Асад.

Сирија е длабоко поделена откако избија протести во 2011 година против владеењето на Ал Асад и почна граѓанска војна со меѓународно учество

Поврзани вести