Skip to main content

 Орбан иако ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, не прати полиција да ја спречи

Десетици илјади луѓе денес прошетаа низ центарот на Будимпешта, пркосејќи на забраната за Парадата на гордоста, што претставува сериозен чекор назад за правата на ЛГБТ+ заедницата во рамките на Европската Унија.

Иако официјалните податоци сè уште не се објавени, организаторите преку Инстаграм објавија дека се собрале „неколку десетици илјади“ луѓе.

Премиерот Виктор Орбан, иако го збрани, не ја испрати полицијата за да спречи слики од насилство.

Сепак, тој предупреди на можни правни последици за учесниците, вклучително и казни до 500 евра и затворски казни до една година за организирање или покана за учество.

Забраната предизвика силни реакции од Европската комисија. Претставници на 33 земји ја изразија својата поддршка за настанот, а најмалку 70 претставници на Европскиот парламент го најавија своето пристигнување за да испратат порака до Виктор Орбан.

Поврзани вести