Skip to main content

Опозицискиот француски лидер, Џордан Бардела: Многу малку воени интервенции на САД резултирале со демократија

Facebook / Jordan Bardella

Претседателот на француската десничарска партија Национален собир (РС), Џордан Бардела, го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп и изјави дека Трамп никогаш не му бил пример.

Бардела рече дека Трамп не го плаши и нагласи дека неговата партија се дистанцира од политиката на Доналд Трамп, објавува весникот „Фигаро“.

Американскиот претседател не ме плаши“, изјави Бардела.

Тој истакна дека Трамп се карактеризира со „многу неизвесна и многу непредвидлива природа“.

Ветерот на слободата што дува низ САД не треба да нè прави наивни. Можеби Трамп е добар за Америка, но не и за Франција и Европа“, рече Бардела.

Тој оцени дека „многу малку американски воени интервенции резултирале со демократија“ и потсети на Авганистан, Ирак и Либија.

Многу сум претпазлив во однос на каква било форма на воена интервенција во области кои се исклучително сложени и исклучително опасни. Мојот единствен компас во надворешната политика е Франција повторно да стане неутрална земја, да може да разговара со сите, да не се потчинува на никого и да ги брани своите интереси“, рече Бардела.

Поврзани вести