
Советникот на рускиот претседател, Владимир Путин, за надворешна политика, Јури Ушаков, го објави распоредот на активности на руската делегација при состанокот со американската делегација предводена од претседателот Доналд Трамп, што ќе се одржи на Алјаска.
* Самитот Русија – САД во Анкориџ ќе почне на 15 август приближно во 11:30 часот по локално време.
* Средбата ќе почне со разговор еден на еден меѓу Путин и Трамп со присуство на преведувачи. Потоа ќе се одржат преговори со делегациите и ќе продолжат за време на работен појадок.
* Руската делегација ќе го напушти Анкориџ „веднаш по завршувањето на преговорите“.
* Централна тема на самитот ќе биде решавањето на украинската криза, вклучително и земањето предвид на дискусиите што се одржаа во Кремљ со специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф.
* Средбата Русија – САД ќе се одржи „на симболично место во контекст на 80-годишнината од победата“, изјави Ушаков.
Според него, во близина на воената база Елмендорф-Ричардсон, каде што ќе се одржат руско-американските преговори, има спомен-гробишта каде што се погребани девет советски пилоти, како и четири лица кои загинале во периодот 1942-1945 година за време на превезувањето авиони од САД како дел од Ленд-Лиз.
Покрај претседателот Путин, во руската делегација што ќе патува на самитот Русија-САД во Алјаска ќе учествуваат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за одбрана Андреј Белошов, министерот за финансии Антон Силуанов и шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF), специјалниот претставник на претседателот за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев.