
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на почетокот од следната недела, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на два неименувани извора.
Потоа, Трамп треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а за тоа биле информирани европските лидери кои учествувале во телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски.
Трамп претходно објави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф постигнал голем напредок во преговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.