Skip to main content

Норвешка предупредува: Армијата може да конфискува куќи и возила во случај на војна

Пиксабеј

Норвешка ги предупреди своите граѓани дека во случај на војна со Русија, армијата ќе има право да конфискува приватни куќи, автомобили и друга сопственост неопходна за одбраната на земјата.

Воени претставници соопштија дека околу 13.500 писма биле испратени до норвешките граѓани, со известување дека одредени ресурси може да бидат предмет на реквизиција. Меѓу нив се наведуваат недвижен имот, возила, чамци и разни машини, објави „Дејли меил“.

Од норвешката војска нагласуваат дека ваквите мерки се дел од законската рамка за функционирање во воени услови.

Реквизициите имаат за цел да обезбедат, во воени услови, вооружените сили да имаат пристап до ресурсите потребни за одбрана на земјата“, соопшти норвешката војска.

Според информациите, ваквата одлука би важела една година, а граѓаните добивале слични предупредувачки писма и во претходните години, како дел од редовните проценки за безбедност и подготвеност.

Андерс Јернберг, раководител на организацијата за воена логистика, истакна дека безбедносната состојба значително се влошила во последните години.

Важноста од подготвеноста за криза и за војна драматично се зголеми во последните години“, рече Јернберг.

Тој додаде дека земјата се соочува со најсериозните безбедносни предизвици во последните децении.

Норвешка е во најсериозна безбедносно-политичка ситуација од Втората светска војна. Нашето општество мора да биде подготвено за безбедносни кризи, а во најлош случај и за војна… преземаме значително зајакнување на воената и цивилната подготвеност“, додаде тој.

Поврзани вести